25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 12.07.2017

Дневен хороскоп 12.07.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Можете да очекувате ден во кој вашата работа нема многу да ве оптеретува. Во љубовта саканото лице вложило многу напор да ви покаже колку ве сака, време е да покажете дека го цените тоа.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Можно е да не сте сосема задоволни од деловната ситуација бидејќи некои нешта ќе дојдат многу побавно од очекуваното. Слободните ќе уживаат во необврзувачки авантури, а оние во врска ќе бидат во хармонија.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Пред вас е поволен период за започнување на некоја нова работа, ако сте имале некој приватен бизнис во план. Во љубовта се ќе биде како што сакате, партнерот едноставно ве обожува.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Конечно ќе успеете да дознаете некои нови информации кои можат да ви бидат многу важни за работата. Во љубовта ќе чувствувате слобода, ќе имате бројни прилики за флерт.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можно е напредување на работа, но доколку сте мамеле со извршувањето на задачите, ќе бидете отпуштени. Во љубовта можете да очекувате убав ден доколку сте во врска или брак.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Трудете се да оставите добар впечаток на своите соработници и со нив да изградите добра деловна атмосфера. Во љубовта можни се ситни проблеми, партнерот нема да биде задоволен со некои ваши потези.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Пред вас е можност да ја обновите соработката со личност со која во минатото сте имале многу добар однос. Во љубовта доколку ви се допаѓа некоја личност, денес е тој ден за тоа да и го кажете.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Во текот на денешниот ден нема да имате нови промени поврзани за деловното поле. Во љубовта прифатете некои нешта кои партнерот ви ги кажува.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можете да очекувате дека ќе ве следи факторот на среќа, па денот ќе биде поволен и за работа и за љубов. Ќе бидете полни со енергија и ќе уживате во секој поминат час на работа, но подоцна и со партнерот.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе ви се случат некои промени на полето за работа, можно е напредување. На почеток ќе ви биде тешко, но набрзо ќе се навикнете. Денес ќе уживате во страствените моменти поминати со партнерот.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес ќе биде нагласена вашата практична страна. Ќе успеете да обавите доста нешта на полето за работа. Во љубовта не ви е лесно да ги покажете емоциите, но денес зборовите сами ќе излезат од вас.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можете да очекувате сплет на околностите кој ќе ви оди од рака и кој ќе ви донесе позитивни промени. Во љубовта пред вас е прилика да влезете во една убава врска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП