Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 6,736.57 5.38%    BESK 11,970.93 5.66%    FERS 49,501.00 -1.33%    GRNT 792.81 3.17%    KMB 2,803.59 3.17%    MKSD 250.00 23.76%    MPT 29,891.18 1.48%    MTUR 4,000.00 0.25%    OHB 6,025.00 9.55%    OKTA 4,200.00 0%    PPIV 39,000.00 1.57%    RZIT 25.00 0%    RZLV 90.00 5.88%    RZUS 182.99 2.75%    SBT 1,822.00 2.94%    STB 889.92 0.02%    STIL 148.29 0.36%    TEL 250.00 0%    TETE 1,448.47 3.46%    TKVS 2,800.00 5.74%    TNB 12,759.93 6.25%    TPLF 1,737.36 -1.23%    TTK 799.80 0.02%    UNI 2,259.88 1.89%    VROS 14,000.00 514.04%    ZILU 158.00 2.6%    

Новото Audi A8 дебитираше со куп ласери и иновативни технологии (фото+видео)

Време: 15:13

Датум: јули 11, 2017

Категорија: АВТОБИЗ

„Audi“ ја претстави новата генерација на својата лимузина „A8“. Мораме да признаеме дека возилото не изгледа многу различно од порано, но сепак документите покажуваат дека „пораснал“ во димензии, добил многу нови технологии и се нуди во 12 екстериерни бои, а три од нив се целосно нови. Конзервативниот пристап, кој за некои може да биде здодевен, но повеќето од вистинските фанови на компанијата најверојатно би одобриле.

Се разбира, сето ова не значи дека возилото не е исполнето со футуристички елементи. Најголемата разлика во надворешноста е новата монолитна решетка, истакната со неколку козметички промени по нежни напред и назад. Покрај тоа, предните „HD Matrix LED“ светла добиле ново ласерско долго светло. Од компанијата додаваат дека новите светлосни снопови се со двојно поголем радиус од претходното долго светло што се чувствува најмногу при брзини над 70 км/ч, кога системот се активира.

Внатрешноста исто така се придржува кон футуристичката линија. Таму, новиот предводник на „Audi“ импресионира со нов виртуелен кокпит со дигитална табла што ги отсликува клучните индикатори на возилото во „Full HD“ резолуција од 1920 х 720 пиксели. Од друга страна, мултимедијалниот систем се потпира на 10,5-инчен дисплеј кој е споен со централната конзола.

Една од најголемите разлики во однос на сегашниот „A8“ e извонредниот недостаток на копчиња и прекинувачи во ентериерот. Ова се должи на новиот „Multi Media Interface“ на „Audi“, кој се потпира главно на сензорни дисплеи и гласовни команди, за да обезбеди пристап до различни функции на електронскиот систем на автомобилот. Онака, поконзервативните клиенти ќе можат да ги вршат основните операции преку копчињата на воланот. Возачите ќе знаат дека командите им се прифатени/исполнети коректно од системот преку звучниот фидбек.

А командите се многу. Од „Аudi“ велат дека новата „A8“ има 41 различни системи за асистенција на возачот, додека мултимедијалниот систем може да биде конфигуриран со 6 различни возачки профили и повеќе од 400 различни функции. Тие вклучуваат интелигентен навигациски систем со адаптивна функција поставувања на опционалниот „head-up“ дисплеј, можност за безжично поврзување на сите надворешни уреди, конфигурација на радарите, камерите и сензорите, поставување на аудио системот, кој може да биде нарачана со тридимензионална технологија која за првпат ќе се нуди како за предниот, така и за задниот дел на кабината, како и многу други.

Опремата на долгата база „A8 L“ вклучува релаксирачки задни седишта кои се навалуваат значително, за да ја зголемат удобноста на лицата кои седат при долги патувања. Истите имаат функции за ладење, греење и масажа, како и прагот со вградена функција за масажа на стапалата.

Меѓу системите не треба да го заборавиме автопилотот. „Audi“ е првиот производител кој користи ласерски скенер заедно со радар и други сензори за да се ориентира во просторот. Како таков, германскиот концерн тврди дека силниот автоматизиран систем ќе им овозможи на возачите да го пуштат воланот целосно кога се движат во зони со слаб сообраќај на автопат. Доколку брзината не надминува 60 км/ч, новиот „Audi A8“ може да управува и сам.

За време на паркирање, автономниот систем може да ја движи и паркира колата сам во гаражата или паркинг-место без возачот дури и да е зад воланот. Системот може да се активира преку смартфон и набљудуван од возачот во реално време од далечина.

Големи вести има и во однос на механиката на автомобилот, бидејќи секое ново „Audi A8“ ќе биде хибрид. Автомобилот излегува на пазарот со два турбо V6 мотор – 3.0-литарски „TFSI“ со 340 КС и 3.0-литарски „TDI“ со 286 КС. Секој од нив ќе работи во соработка со деликатен хибриден систем кој ќе и овозможува на лимузината да се движи до 40 секунди со исклучен мотор со внатрешно согорување при брзини од 55 до 160 км/ч. Од „Audi“ прецизираат дека во блиска иднина моделот ќе се нуди и со 4.0-литарски бензински и дизел „V8“ мотори, како и „W12“ мотор. Се очекува појава и на „e-tron plug-in hybrid“, кој ќе може да се полни директно од штекер.

Независно од конкретниот погонски систем, новото „Audi A8“ има погон на четири тркала и чисто нов 8-степен „tiptronic“ автоматски менувач.

Почетната цена е 90.600 eвра за основната верзија на „A8“, a за онаа верзија со „L“ ознаката е 94.100 евра.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Opel покажува „мускули“ со Insignia GSi (фото+видео)

    Opel покажува „мускули“ со Insignia GSi (фото+видео)

    Германската марка „Opel“ откри „надуена“ верзија на новата генерација на предводникот „Insignia“. Автомобилот го добил додатокот „GSi“ кон своето име, а неговата официјална премиера ќе…

  • Ќе има ли BMW M3 CS?

    Ќе има ли BMW M3 CS?

    При промоцијата на „BMW M4 CS“ претходно во оваа година, од баварската компанија ветија дека ќе има уште „М“-модели кои ќе ја добијат ознаката „CS“.…

  • Skoda продолжува да ги соборува сопствените рекорди

    Skoda продолжува да ги соборува сопствените рекорди

    Чешкиот производител „Skoda“ продолжува да ги подобрува резлутатите на светските пазари. За првото полугодие од 2017-та година компанијата продаде 585.000 нови автомобили, што е за…

  • Новиот Nissan Leaf ќе се управува само со еден педал (видео)

    Новиот Nissan Leaf ќе се управува само со еден педал (видео)

    Втората генерација на „Nissan Leaf“, што ќе биде претставена оваа есен, ќе го добие системот „е-Pedal“. Благодарение на него околу 90% од управливоста на возилото…

  • Вториот модел на Alpine ќе биде готов во 2019-та година

    Вториот модел на Alpine ќе биде готов во 2019-та година

    Сестринската фирма на францускиот производител „Renault“ – „Alpine“, веќе работи на својот втор модел. Ова ќе биде „SUV“, кој ќе се појави на пазарот во…

  • Пристигна новиот Amarok во Порше Македонија

    Пристигна новиот Amarok во Порше Македонија

    Новиот Amarok ја доживеа својата премиера во Hannover. Втората фаза на V6 моторот, е исто така за прв пат промовирана во седиштето на производителот. Многу…

  • Mercedes го претстави својот прв сериски пикап (фото+видео)

    Mercedes го претстави својот прв сериски пикап (фото+видео)

    Компанијата „Mercedes-Benz“ официјално го претстави првиот сериски пикап во историјата, а тој се нарекува „X-Class“. Моделот, чија концептуална верзија дебитираше уште во есента 2016-та година,…

  • Hyundai си постави за цел да стане №1 во Европа

    Hyundai си постави за цел да стане №1 во Европа

    Корејската компанија „Hyundai Motor Company“ си постави за цел да стане најпродаван производител на автомобили во 2021-ва година, соопштија пред медиумите претставници на брендот за…

  • Audi Sport ќе прави електричен SUV

    Audi Sport ќе прави електричен SUV

    „Audi Sport“ планира да претстави спортски електричен автомобил меѓу 2020-та и 2025-та година, а се претпоставува дека станува збор за „SUV“ модел. Главниот извршен директор…

  • Шпански суперхибрид со 1000 КС (фото+видео)

    Шпански суперхибрид со 1000 КС (фото+видео)

    Шпанската компанија „DSD Design & Motorsport“ претстави прототип на хиперавтомобилот наречен „Boreas“. Техничките детали за возилото не беа обелоденети, но се тврди дека тој располага…