25 април, 2024
ПочетнаДИЕТИЛесна диета со зелен чај за намалување на 4 килограми

Лесна диета со зелен чај за намалување на 4 килограми

За да бидете во топ форма и да се чувствувате добро ви предложуваме диета со која ќе намалите 3-4 килограми за само една недела.

Не е задолжително редоследот на деновите да биде ист како примерот. Важно е да не се претерува со производите. Во секој од деновите треба да се пиете зелен чај до 4 чаши на ден. Тој го забрзува процесот на слабеење и намалување на мастите.

 

Прв ден:

Појадок: Кафе

Ручек: 1 домат и 100 гр. сирење

Вечера: шопска салата

 

Втор ден:

Појадок: Кафе

Ручек: 2 јаболка или 2 праски

Вечера: 1/2 канче кисело млеко со намалена масленост и 1 зеленчук по избор

 

Трет ден:

Појадок: Кафе

Ручек: пилешка супа (1 порција) без леб

Вечера: 1 компир и 1 модар патлиџан, печени во рерна, зачинети со малку сол и јаболков оцет

 

Четврти ден:

Појадок: Кафе

Ручек: 2 јаболка или 2 праски

Вечера: 2 печени интегрални кришки леб, шака ореви и 1 лажица мед

 

Петти ден:

Појадок: Кафе

Ручек: салата од варени компири – околу 200 – 300 гр со зеленчук по избор

Вечера: Домат и сирење

Шести ден:

Појадок: Кафе

Ручек: 1 канче кисело млеко со намалена масленост

Вечера: Таратор

Седми ден:

Во текот на целиот ден се пие само зелен чај или било кој друг билен чај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП