16 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕSofitel Kairo El Gezirah - префинет египетски хотел (фото)

Sofitel Kairo El Gezirah – префинет египетски хотел (фото)

Како дел од префинетиот „Sofitel“ ланец на луксузни хотели „Sofitel Kairo El Gezirah“ е еден од најпрестижните египетски хотели…

Сместен на островот на реката Нил, во близина на областа Замалек и ви нуди пристап до сите важни атракции на овој град.

Хотелот со пет ѕвезди кој има поглед на моќната река Нил, претставува фасцинантна мешавина на антички египетски и арапски влијанија, во комбинација со елегантниот француски Арт деко дизајн.

На гостите на располагање им се 433 луксузни соби, и 50 префинети апартмани со услуга од батлер.

Што се однесува до услугата за јадење, таа е разновидна, од „Kebabgy“ традиционалниот ресторан кој служи извонредно печено месо, до мароканскиот ресторан „La Palmeraie“ кој нуди префинет избор од интернационалната кујна.

Постојат и неколку барови, кои се совшени за вечерни излегувања. Еден од нив е „Window on the Nile“ кој е идеално место за одмор со поглед кон реката.

„Sofitel Kairo El Gezirah“ хотелот е идеално луксузно место за одмор доколку сакате да го искусите Египет на вистинскиот начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП