28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна летна дестинација - „Elounda Mare Hotel“ (фото)

Луксузна летна дестинација – „Elounda Mare Hotel“ (фото)

Карактеризиран со тиркизните води на Егејското море, луксузниот „Elounda Mare Hotel“ е сместен во срцето на бујните градини, на грчкиот остров Крит…

Нудејќи совршен баланс на луксуз, комфор и прекрасни глетки, ова место како да ја дели својата топлина и карактер со своите уникатни елементи од историјата и легендите на овој остров.

Дискретниот персонал на овој хотел е совршено свесен за фактот дека совршеноста се крие во деталите, поради што вашиот одмор овде ќе биде искуство за паметење.

Целиот простор на хотелот е прекрасно декориран, од супериорни соби, до простор во близина на базените и главната ложа во која е сместен шармантниот бар со традиционално наутички детали, нагласен со дрво.

Хотелот поседува три ресторани, каде можете да уживате во гастрономските деликатеси кои се карактеристични за овој предел или пак да уживате во интернационалната кујна.

Приватните бунгалови и базените со греачи, како и камините на отворено, придонесуваат за целокупната лежерна вибрација на ова место. Најдобар елемент на овој хотел е панорамскиот поглед на Мирабело заливот и Егејското море. Будењето покрај ваков поглед е навистина совршен начин да го започнете денот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП