24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузното одморалиште CоrdeValle Resort (фото)

Луксузното одморалиште CоrdeValle Resort (фото)

Во планините на Санта Круз во близина на Сан Хозе, ќе наидете на шармантниот CоrdeValle Resort…

Станува збор за елегантно одморалиште каде гостите можат да уживаат во мирната атмосфера и најдобрите погледи кои овој предел ги нуди.

Скриеното одморалиште е сјајна дестинација со повеќе опции кои секого ќе го израдуваат. Гостите можат да изберат меѓу бунгалови на падините, соби поред стазата или пространите вили и апартмани кои имаат вградени плакари, камини, затворени градини со туш на отвoрено, па дури и приватен whirlpool spa.

Секоја просторија и соба во ова одморалиште е декорирана со стилизирана палета од крем и карамел нијанси кои совршено се вклопуваат во зеленото природно опкружување. „Sense spa“ центарот кој е во склоп на ова одморалиште е неверојатен. Терапевтите од овој спа центар ќе го релаксираат секој готин со своите неверојатни третмани за подмладување. По посетата на спа центарот, една партија тенис или сесија јога звучат многу примамливо, доколку се занимавате со спорт.

Секој дел од „CordeValle“ одморалиштето е дизајниран со мир и тишина на умот. Дизајнот на одморалиштето е неверојатен и секој негов дел е развиен во совршена хармонија со природното опкружување, каде ќе се почувствувате како дома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП