23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрајслер повлекува скоро 500.000 возила

Крајслер повлекува скоро 500.000 возила

krajsler

Американскиот производител на автомобили Крајслер повлекува 470.000 возила во целиот свет поради проблеми со преносот.

Повлекувањето се однесува на автомобилите од моделот „Гранд Чироки“ кои се произведени меѓу 2005-та и 2010-та година, како  и „Командер“ од 2006-та до 2010-та година.

Од Американскиот регулатор за безбедност на движењето соопштија дека станува збор за дефект кај плочата за пренос кај автоматските менувачи, поточно доколку се префрли во нулта брзина, возилото и натаму се движи.

Автомобилскиот гигант соопшти дека поради овој проблем веќе се случиле 26 несреќи во кои имало и двајца повредени, па поради тоа сакаат да го остранат овој дефект. Инаку возила ќе бидат повлекувани на територијата на САД и Канада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП