16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПреработената МV Agusta F3 го доби името Kuma

Преработената МV Agusta F3 го доби името Kuma

kuma-3

Сан Марино не е познат само по трките во формула 1 кои се возат на патеката Имола или натпреварите во МотоГП, туку и по фабриката „Moto Corse“ која се занимава со производство и продажба на специјални компоненти за мотоциклите на „BMW“, „Ducati“ и „MV Agusta“.

Овој бренд не така често, но претставува и по некоја преработка со што би ги рекламирале своите компоненти, а последната таква е на „MV Agusta F3 Kuma“.

„Moto Corse“ се труди на купувачите да им понуди единствени елементи кои се поразлични од оние кои ги нудат другите производители на компоненти во оваа бранша. За да им ги претстават на јавноста тие го подготвија моделот „MV Agusta F3“, а луѓето од оваа фабрика сето тоа го сместија во мотоциклот кој го доби името „Kuma”.

kuma-2

Тие подготвија целосно прилагодливи потпорници за нозете кои се зацврстени со титниумски завртки, нов носач за регистрацијата со интегрирани покажувачи на правецот, нов поклопец за резервоарот за гориво во златна, сребрена или црна боја.

Тука се и противтеговите од алуминиум или титаниум, а од истиот материјал се изработени и поклопците на резервоарот, штитниците на ладилникот, како и титаниумските завртки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП