25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчини најверојатно ќе си замине од Сити

Манчини најверојатно ќе си замине од Сити

Soccer - Manchester City Press Conference - City of Manchester Stadium

Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини е свесен дека неговата кариера во клубот може да заврши предвреме, без разлика на исходот од денешниот финален натпревар во рамките од ФА Купот.

Многу е мала веројатноста сопствениците од Катар сопственици да го задржат Италијанецот и следната сезона на клупата, откако тој не успеа да ја постигне целта – одбрана на титулата во Премиер лигата. Се повеќе од веројатно е дека негов заменик ќе биде тренерот на Малага Мануел Пелегрини.

„Освоив 7 трофеи за 4 години во Интер, а на крајот бев отпуштен. Тоа е фудбалот. Доволно добро го познавам и ја знам ситуацијата во која се наоѓам сега. Сакам само да ја завршам работата и ако е можно да продолжам да победувам секоја година. Тоа е мојата цел “, истакна Манчини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП