24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЗа оние кои сакаат луксузен одмор - Saint-Barth Isle de France (фото)

За оние кои сакаат луксузен одмор – Saint-Barth Isle de France (фото)

Сент Барт е една од најатрактивните дестинации на Карибите, а посебно е популарна меѓу богатите и познатите личности…

После три години реновирање, луксузниот хотел „Saint-Barth Isle de France“ е повторно отворен. Како сјајно место за љубителите на шампањот, овој хотел е домаќин на најексклузивните случувања од таа сфера.

Најголемиот број на случување се одржува во „La Case De L’Isle“ луксузниот ресторан кој има поглед на океанот и кој е реномиран по својата превкусна француска кујна. Покрај тоа, на 24 мај, овој хотел во соработка со брендот „Ruinart“, на своите гости ќе им даде можност да дегустираат деликатни видови на шампањ, додека пак, на 5 јули ќе биде домаќин на познатите куќи за шампањ, кои ќе ги претстават своите новитети.

Со локација во сликовитиот дел „Baie des Flamands“, овој хотел е опкружен со палми и прекрасни тропски градини. Сите соби на овој хотел имаат прекрасен поглед на океанот.

Сместувањето се состои од 40 соби, апартмани и вили, од кои секоја има свој приватен простор на отворено, индивидуално е дизајнирана и декорирана со стари француски материјали, прекрасен памук и ткаенина во неутрални тонови. Двете „Flamands“ вили веројатно се највпечатливи, а содржат свои приватни фитнес соби, домашни кина, прекрасни камени кади и приватни базени опкружени со пространи тераси за сончање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП