29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАTелефонот на Facebook има слаба продажба

Tелефонот на Facebook има слаба продажба

htc-first

Паметниот телефон „HTC First“ има исклучително слабо деби на пазарот. Само 10.000 корисници го купија овој уред во првите три дена од појавувањето на пазарот.

Тоа е многу полошо од очекувањата кои „HTC“ ги имаше за својот нов паметен телефон, особено со оглед на тешката финансиска криза во која се наоѓа компанијата.

Самиот „First“ може да се пофали како првиот уред кој го користи корисничкиот интерфејс „Facebook Home“ за „Android“. Софтверот вклучува сериозна интеграција на водечката социјална мрежа, како и на други апликации како „Instagram“, „Pandora“ и др.

Се претпоставува дека послаба продажба на „First“ да е предизвикана од фактот дека „Home“ беше лансиран за бесплатно симнување од „Google Play“ на „Android“. Тоа веројатно направи овој уред на „HTC“ да биде помалку привлечен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП