28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗгаснува уште една автокомпанија во САД

Згаснува уште една автокомпанија во САД

VPG auto

„Vehicle Production Group“ или скратено „VPG“ е уште една од компаниите која настанала со позајмици од државата или попрецизно од парите на даночниците, но и таа го стопираше своето производство и отпушти околу 100 работници во Мичиген.

„VPG“ е меѓу последните компани која доби заем од државата во висина од 50 милиони долари и меѓу последните која влезе во програмата за развој на „зелената“ технологија која е поддржана од страна на администрацијата на Обама се со цел да се охрабри развојот на напредните еколошки технологии во автомобилската индустрија. Администрацијата понуди вкупно 8.5 милијарди долари заем пред да започнат со оваа програма.

Компанијата не произведе ниту едно возило во последните шест месеци поради проблемите со приходите, слична ситуација која ја имаше и „Fisker“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП