6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle објави откуп на акции за 21 милијарди долари

Nestle објави откуп на акции за 21 милијарди долари

Швајцарската компанија „Nestle“ објави програма за откуп на акции во вредност од 20 милијарди швајцарски франци (21 милијарди долари) само неколку дена откако американскиот инвеститор активист Даниел Лоеб презеде удел во компанијата и повика за промени.

„Nestle“, која е сопственик на брендовите како „Nespresso“, водата „Perrier“ и чоколадните десерти „KitKat“, не споменува ништо за хеџ фондот „Third Point“ на Лоеб, кој го презеде уделот од 1,25%. Според компанијата одлуката за откуп е донесена како резултат на преглед на капиталната структура, која почна претходно во оваа година.

На почетокот на неделава „Third Point“ ја обвини швајцарската група дека не успева да се адаптира кон средината на побавен раст и дека останува во минатото со „старите начини“ на работа. Хеџ фондот упати препораки кои според него „драматично ќе го подобруваат како профилот на раст, така и силата на профитот“ на „Nestle“, додавајќи дека откупот на акции е „особено привлечна опција за моментот“. Уделот на „Third Point“ e во вредност од околу 3,5 милијарди долари.

Во февруари, главниот извршен директор на „Nestle“, Марк Шнајдер изјави дека откупот „не се топ приоритет“. Поважни се политиката на дивиденди и инвестициите во поддршка на растот.

Во вторникот, сепак компанијата изјави дека откупот е „одржлива опција“ за создавање на акционерска вредност во контекст на ниските каматни стапки и силното генерирање на готовински текови.

„Nestle“ побарала од регулаторите одобрение за откуп многу порано од оваа недела, велат запознаени извори. Таа добила одобрување во понеделникот, што доведе и до последното известување.

Бизнис моделот на швајцарската група – базиран на континуиран раст на продажбата – се покажа под притисок поради доцнењето на глобалната економија и промена во моделите на потрошувачка.

Како резултат на ревизијата на капиталните трошоци „Nestle“ изјави дека ќе ги фокусира идните инвестиции на категориите на храна и пијалоци со брз раст, како кафето, производите за домашни миленици, храна за бебиња и флаширана вода. Таа ќе се фокусира и на економиите со брз раст и ќе бара можности во секторот со производи за здравјето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП