28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Блокчејнот“ влегува во финансискиот свет преку 7 европски банки

„Блокчејнот“ влегува во финансискиот свет преку 7 европски банки

„Блокчејн“ технологијата – инфраструктурата зад виртуелните валути, официјално ќе најде место во светот на традиционалните финансиски институции.

Технолошкиот гигант „IBM“ развива „блокчејн“ технологија која ќе се користи од некои од најголемите банки во Европа. Платформата ќе служи за олеснување на меѓународната трговија меѓу мали и средни претпријатија, соопштија од „IBM“, цитирани од „CNBC“.

Банките кои стојат зад развојот и последователно ќе ја интегрираат технологијата, се „Deutsche Bank“, „HSBC“, „KBC“, „Natixis“, „Rabobank“, „Societe Generale“ и „Unicredit“.

Така проектот ќе се претвори во еден од првите кои го користат „блокчејнот“, во сферата на реалната економија и конвенционалните валути.

Тоа не е особено изненадувачки, бидејќи во последните години најмногу различни финансиски институции искажаа пофални зборови за потенцијалот, стоејќи зад „блокчејн“ принципот, а веќе сме сведоци на неговото реално навлегување во банкарскиот систем.

Најопшто кажано, „блокчејнот“ е алгоритам кој може да се користи за остварување и снимање на трансакции, така што тие да не можат да бидат фалсификувани, дуплирани и слично.

Со други зборови – тоа е децентралзиран платен систем или канал за пренос на информации или краткорочни решенија, во зависност за што ви треба.

Системот, всушност, е душата на сите виртуелни валути („биткоин“, „етериум“ и други), а благодарение на неа тие можат да се „вадат“, пренесуваат, тргуваат, како и да се вршат плаќања.

Реално криптовалутите се она што обичните потрошувачи го гледаат, но самата инфраструктура зад нив претставува револуција во многу односи – од нов принцип на функционирање на интернет до овој проект, кој ќе биде имплементиран во џиновски финансиски институции, како што се седумте наведени банки.

„Блокчејнот“ би требало да ги направи трансакционите процеси поефикасни, побезбедни и не на последно место – поевтини.

Кога трговец ќе продаде стока и таа ќе пристигне кај купувачот, „блокчејнот“ ќе го активира процесот на плаќање, објаснува Вибе Драјер (Wiebe Draijer), претседател на Управниот одбор на „Rabobank“.

Според него, самите плаќања нема да се разликуваат по ништо од оваа технологија за плаќање, а „блокчејнот“ реално ги презема функциите на инфраструктурата и администрирањето на трансакциите.

Во даден момент е можно и самата технологија на плаќање да биде врз основа на „блокчејнот“, но тоа ќе се случи, кога системот е подготвен за тоа, станува јасно од зборовите на банкарот.

Технолошки одлуката се очекува да биде готова до крајот на оваа година.

„Постојат многу тестови и секоја банка и секоја финтек компанија експериментира со „блокчејн“. Ние правиме чекор напред, заедно со другите банки, создавајќи заедно апликација базирана на „блокчејн“ што ќе ги опслужува малите и средни претпријатија, кога тие го извезуваат своето производство“, вели Драјер.

Други банки исто така реално веќе се поставени на „блокчејн“ технологијата.

Така на пример „Wells Fargo“ и „Commonwealth Bank of Australia“ ја користат одлуката веќе една година, за да го финализираат снабдувањето на памук од САД до Кина.

„Barclays“ го користи „блокчејнот“ при трговијата со деривати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП