25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBoE предупредува на ризик: Зголемете го капиталот

BoE предупредува на ризик: Зголемете го капиталот

Централната банка на Англија (BoE) им наложи на британските банки да го зголемат нивото нa капитал поради растечките внатрешни и надворешни ризици.

Британските банки, според соопштението на BoE, ќе мораат да издвојат дополнителни 11,4 милијарди фунти (14,5 милијарди долари) капитал за да се заштитат од економските ризици поврзани со Брегзит, растот на потрошувачките кредити и надворешните шокови, пренесува Франс прес.

„Комитетот за финансиската политика (FPC) ја зголеми стапката на адекватност на капиталот пондериран со ризична актива на 0,5 проценти од нула проценти“, се наведува во најновиот извештај на централната банка за финансиската стабилност во Британија.

FPC, исто така, изрази очекување дека на своето неомвриско заседавање ќе ја зголеми таа стапка на 1,0 проценти.

Финансиски комитет, сепак, забележа дека британската економија остварила подобри резултати од очекуваните, но дека нивото на ризик во одделни сектори е зголемен, а особено на пазарот за потрошувачките кредити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП