25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдна четвртина од британските купувачи на недвижен имот во ЕУ се откажале...

Една четвртина од британските купувачи на недвижен имот во ЕУ се откажале поради Brexit

Околу една четвртина од потенцијалните британски купувачи на недвижен имот во Европската унија (ЕУ) се откажале од идејата по „Brexit“ поради падот на курсот на британската фунта. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на „BNP Paribas International“.

Останатите три четвртини сепак не се откажале од идејата за втор дом во рамките на ЕУ. Од нив речиси една четвртина дури планираат да ги забрзаат плановите за купување поради одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ, покажуваат податоците.

Околу 27% од испитаниците сметаат да ги одложат привремено плановите поради „Brexit“ и поради валутните флуктуации, но не и да се откажат од нив.

Британците се уште се најголемите странски инвеститори во Франција со 32% од трансакциите со имот со нерезиденти во минатата година. Франција привлекува и купувачите со најголеми буџети. Вкупно 44% од нив се подготвени да потрошат над 600.000 евра во споредба со 36% во Шпанија. Од нив една четвртина имаат намера да користат кредит од банка во Франција.

Шпанија и Италија, исто така се користи од британските купувачи поради начинот на живот во овие земји и климата.

Во Франција, еден од тројца Британци ги забрзуваат трансакциите како клучните мотиви се атрактивните цени во моментов, близината до Велика Британија и климата. Друг основен мотив е „Brexit“ поради кој купувачите сакаат да завршат со трансакциите порано.

Прогнозите за економската иднина на Велика Британија во споредба со еврозоната, исто така работат во корист на проектите за недвижности на континентот, покажува уште во извештајот.

Британските купувачи ги набљудуваат внимателно и трендовите кај каматите. Вкупно 77% од испитаниците го очекуваат неодамнешото зголемување на каматите во нивната татковина спрема 65% во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП