23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУ21: Започнува битката за финалето

У21: Започнува битката за финалето

Вечерва ќе бидат познати имињата на репрезентациите што ќе играат во финалето на Европското првенство за фудбалери до 21 година, чиј домаќин е Полска.

Првата полуфинална пресметка е закажана за 18 часот, а ќе играат репрезентациите на Англија и Германија. Англичаните го освоија првото место во А групата, додека Германците беа втори во Ц групата и како најдобра второпласирана селекција се пласираа во полуфиналето.

Можни состави:

Англија: Пикфорд- Холгејт, Чемберс, Мејсон, Чилвел-Ворд-Праус, Хјуз, Бејкер, Греј, Свифт-Абрахам

Германија: Полерсбек-Тољан, Старк, Кемпф, Гертхард-Арнолд, Дахуд-Висер, Мејер, Гнабри-Селке

Второто полуфинале, во кое ривали ќе бидат Шпанија и Италија, ќе почне во 21 часот. Шпанија беше најдобра во Б групата, во која партиципираше и Македонија, додека Италија ја освои Ц групата.

Можни состави:

Шпанија: Кепа-Белерин, Мере, Ваљехо, Џони Кастро-Саул, Љоренте, Дани Себаљос-Дулофеу, Марко Асенсио, Сандро Рамирез

Италија: Донарума-Ферари, Ругани, Калдара, Барека-Бенаси, Гаљардини, Пелегрини-Киеза, Петања, Бернардески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП