19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏевахир Скај Сити – Модерен начин на живеење

Џевахир Скај Сити – Модерен начин на живеење

Модерниот начин на живот е придобивка на динамичното секојдневие и вклучува достапност на многу неопходности во самиот круг на живеење. Игротека, шопинг центар, фитнес сала, спа и турска бања, секогаш достапен паркинг како и загарантирана безбедност на домот.

Единствениот станбен комплекс во Македонија што ги нуди сите овие содржини во истиот објект, само неколку ката под вашиот дом е Џевахир Скај Сити. Комплексот изобилува со бројни мултифункционални карактеристики креирани со цел да ги задоволат сите потреби и барања на станарите, да го олеснат и разубават животот и да го направат достапно она за што најчесто немаме време.

Џевахир Скај Сити нуди исклучителен начин на живот со висока економичност и организираност на вашето време, а достапните цени и рентабилноста на живеење претставуваат главната привлечност на комплексот.

Уникатниот и ексклузивен начин на организирано модерно живеење се остварува со користењето на бројните погодности кои се ставени на располагање во самиот комплекс. Остварете го вашиот неделен шопинг, вежбајте во теретана, одете на пливање, релаксирајте се во сауна или турска бања и направете го сето тоа во зградата во која што живеете. Звучи неверојатно, нели?

Апартманите во кулата А се веќе вселиви, а сопствениците на становите веќе започнаа да ги уживаат бројните погодности, додека пак апартманите од кулата Б, сега достапни по промотивна цена од 899 евра по m2, ќе бидат достапни за вселување во текот на следната година.

Висококатниците на Џевахир Скај Сити се највисоките згради во Македонија и регионот. Целиот комплекс е изграден со висококвалитетни материјали, според најнови безбедносни стандарди и технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП