28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајк на вработените во фабриката „Фијат Крајслер“ Србија

Штрајк на вработените во фабриката „Фијат Крајслер“ Србија

Во фабриката „Фијат Крајслер“ автомобили Арбија (ФЦА) во Крагуевац утрово почна генерален штрајк, пренесе агенцијата Бета повикувајќи се на синдикалниот лидер Зоран Марковиќ. Тој рекол дека работниците се на своите работни места, но дека не работат.

Работниците во производството, во петокот и во понеделникот, одржаа едночасовен предупредувачки штрајк во кругот на фабриката. Тие бараат покачување на платите од 38.000 денари (околу 320 евра) на 45.000 динари, нови вработувања и подобра организација на работата.

Исто така, синдикатот бара на работниците кои на работа доаѓаат надвор од стандардното работно време да им бидат подмирени трошоците.

Синдикатот најавил дека штрајкот ќе трае сè додека не бидат исполнети барањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП