19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајскапиот азиски автомобил на сите времиња

Најскапиот азиски автомобил на сите времиња

toyota-2000gt-1

Претставен во 1967-та година Тојота 2000GT  се смета за првиот вистински азиски спортски автомобил кој беше направен во само 351 примерок.

Па поради тоа овој модел со две врати е многу посакуван меѓу колекционерите, а минатиот месец ја освои титулата најскап азиски автомобил.

toyota-2000gt-2

Примерокот кој се закити со ова признание не е уникатниот кабриолет зад чии волан како Џејмс Бонд се најде Шон Конери, туку скоро совршено купе кое беше продадено од аукциската куќа „RM Auctions“ за 880.000 евра.

Некој ќе рече дека ова е мал износ во споредба со сумите кои ги имаат моделите на Бугати или Ферари, но сеедно е вредно да се напомене, затоа што се работи за историски момент за јапонската компанија. Интересно е дека цената на 2000GT скоро двојно се зголеми во последните две години, затоа што тогаш еден примерок од 1967-та година беше продаден за 499.400 евра.

toyota-2000gt-3

За оние кои незнаат многу за овој автомобил Тојота 2000GT се придвижува со 2.0-литарски шестцилиндричен мотор со 150 KS. Во комбинација е со петостепен мануелен менувач, а овој автомобил може да достигне максимална брзина од 225 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП