23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЕксплозивен уметнички продукт во режија на Бојан Кртолица (видео)

Експлозивен уметнички продукт во режија на Бојан Кртолица (видео)

На покана од Паратисима Скопје, меѓународниот фестивал за современа уметност, македонскиот мултимедијален уметник Бојан Кртолица/BAIKA (студио за дизајн и видеопродукција), кој живее и работи во Париз, сними видеоспот за песната „Десет“ од најновиот соло албум „Метропол“ на исклучителната Теа Шалдева – Галатеа (Galatheia).

Она што е уште поголем куриозитет е што видеото е снимено во рамките на работилница што ја организираше Кртолица и на која ѝ претходеше конкурс на кој беа избрани седум учесници, студенти, кои режисерот директно ги инволвираше во процесот на подготовка и снимање на видеото.

Студентите имаа можност од искусниот режисер да научат и на дело да погледнат како изгледа процесот на пишување сценарио, подготовка на видео, директно да работат на изготвување сценографија, шминка и да погледнат како тоа докажаниот директор на фотографија и снимател Гого Клинчаров го забележа со својата камера.

„На поканата од Паратисима Скопје да се претставам како артист на фестивалот, одговорив дека повеќе би сакал да направам нешто ново и од заемен интерес отколку да се прикажуваат веќе постоечки мои дела. Не чувствував никаква потреба од ретроспектива или повторување. Предложив да организираме работилница за продукција на видеоспот. Да снимиме видео за локален артист, да пренесеме искуство и знаење на една нова генерација млади и креативни луѓе наедно и поддржувајќи ја домашната независна сцена“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП