25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBMW подготвува бум, работа за 1.000 лица

BMW подготвува бум, работа за 1.000 лица

Автомобилската компанија BMW планира да инвестира дополнителни 600 милиони долари во својата фабрика во американската сојузна држава Јужна Каролина.

Како што најавија во планот е и отворање на уште 1.000 работни места во наредните четири години. Тоа го најави генералниот директор на BMW Харалд Кигер, во момент кога германската автомобилска компанија прославува 25 години производство во американскиот округ Спартанбург, пренесува агенцјата АП.

„Благодарение на таа експанзија, вкупната работна сила на BMW во оваа фабрика ќе биде зголемена на повеќе од 10.000 лица, што, според моето мсилење, е очигледен показател за успех“, вели Кригер.

Фабриката во Јужна Каролина е најголемата во светот за производство на популарните BMW модели „X“, порачуваат од компанијата.

Во Јужна Каролина се наоѓаат речиси 400 компании од секторот за производство на моторни возила кои вработуваат 66.000 лица, покажваат податоците на Министерството за трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП