18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија договорила слободна трговија со 48 земји по Брегзит

Велика Британија договорила слободна трговија со 48 земји по Брегзит

Велика Британија ќе го одржи слободниот пристап до својот пазар откако ќе излезе од Европската унија, за десетина земји во развој.

Бенефициите од аранжманот со Велика Британија за сите добра ќе ги уживаат 48 земји меѓу кои се и Бангладеш, Хаити, Сиера Леоне и Етиопија. Аранжманот единствено не вклучува оружје.

Велика Британија годишно увезува стока од овие земји во вредност од околу 20 милијарди фунти, а најмногу облека и кафе.

Британската влада изјави дека работи на истражување како да го прошири пазарот по излезот од ЕУ во 2019 година.

„Нашето заминување од ЕУ е прилика да ги зголемиме шансите во обврските со остатокот од светот, а не да се одалечуваме од нив. Слободната и фер трговија е најголемот ослободител на сиромашните светови, а денешната објава ја покажува нашата предаденост во помагањето на земјите во развој да ја зголемат својата економија и да ја намалат сиромаштијата преку трговијата. Сето тоа резултира со пониски цени за потрошувачите“, изјави секретарот на Трговската комора Лиам Фокс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП