28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBarclays сака да се вклучи во играта со „биткоинот“

Barclays сака да се вклучи во играта со „биткоинот“

Британската банка „Barclays“ води дискусии со регулаторите и со компаниите од секторот на финансиските технологии за вметнување „во играта“ на криптовалути како биткоинот. Ова го соопшти пред американската телевизија „CNBC“, Ашок Васуани, главниот извршен директор на банката за Велика Британија.

Според него претставниците на банката се сретнале со британската Служба за финансиско управување (FCA) и разговарале како биткоинот да се направи побезбеден.

„Зборувавме со неколку финтек компании и всушност отидовме со нив во „FCA“, за да зборуваме како да постигнеме „во играта“ еквивалент на биткоин, незадолжително биткоинот“, изјави Васуани за време на конференцијата во Копенхаген, Данска. „Очигледно ова е нова ера – очигледна ера, со која треба да сме внимателни“, додаде тој.

Васуани не даде детали до кој степен од „Barclays“ би сакале да се занимаваат со биткоинот. „CNBC“ потсетува дека од минатата година британската банка соработува со апликацијата за плаќања „Circle“. Стартапот, творец на апликацијата, минатата година доби лиценца од „FCA“. Тоа овозможува праќање на пари преку пораки и поддржува биткоини. „Barclays“ му обезбеди на „Circle“ сметка во фунти, како и обезбеди мрежа за плаќања за трансфер на пари.

Банките обично се многу претпазливи кога се асоцирани со компании поврзани со биткоинот. Причината е дека криптовалутите имаат лоша репутација, бидејќи се користат за нелегални активности во т.н. темна мрежа (dark web).

Сепак најголемата криптовалута – биткоин – го привлекува интересот на инвеститорите, а од почетокот на оваа година е во силен подем. Иако цените се повлекоа од рекордните нивоа во последните денови и иако се уште има нестабилност, регулаторите почнуваат да пројавуваат интерес кон биткоинот што дава легитимитет на дигиталната валута.

Во Јапонија на пример властите им дозволија на трговците да ги прифатат биткоини, а Русија исто така, бараат начини за регулирање на криптовалутата. Властите во Велика Британија, сепак покажуваат внимателност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП