19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаботниците на Фолксваген во Словачка се изборија за просечна плата од 1.954...

Работниците на Фолксваген во Словачка се изборија за просечна плата од 1.954 евра

Фабриката на Фолксваген во Братислава денес го обнови производството по шестдневниот штрајк.

Менаџментот импонуди на работниците просечна плата од 1.954 евра, а на почетниците и еднократна исплата од 500 евра.

Историскиот и прв штрајк во фабриката во која просечната плата беше два пати поголема од просекот на платите во Словачка започна со барањето на работниците платите полека да почнат да им се приближуваат на германскиот просек.

Синдикатите бараа зголемување од 16 отсто, додека фабриката нудеше 9 отсто.

„Долго време спаѓаме меѓу најдобрите фабрики на концернот Фолксваген, но за ист труд добиваме помали плати од Германците“, соопштија синдикатите, кои добија подршка и од премиерот Роберт Фико.

Иако од страна нивниот штрајк изгледа нелогичен, бидејќи за словачките услови имаат одлични плати, тој е дел од поширокиот проблем. Во Словачка, но и во Чешка, економиите мораат да им ги зголемуваат платите на работниците, бидејќи на нивниот пазар на труд им недостасуваат работници.

На чешката економија и недостасуваат околу 150.000 работници, а на словачката околу 14.000. Фирмите не успеваат да најдат доволен број работници иако запослуваат украински, српски и романски гастарбајтери, најчесто преку сомнителни посреднички агенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП