20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвропските банки деценија по финансиската криза

Европските банки деценија по финансиската криза

Иако подобрата економија им помага на банките да се справуваат успешно, една деценија по почетокот на финансиската криза, доверителите во еврозоната се колебливи во оценката за обновата на секторот, објави „Банката за меѓународни порамнувања“ (BIS).

„Финансискиот сектор се соочува со подобрувачка, но се уште во средина исполнета со предизвици“, коментираат од „BIS“ во својот годишен извештај.

„Краткорочните економски изгледи се зголемија значително, а финансиските „ветрови“ се обратија во вистинската насока за многу развиени економии“, се вели во извештајот.

Банките треба да ја користат „дивидендата од растот“, за да ја зајакнат својата отпорност на пазарни шокови и да ги преструктуираат бизнис моделите, се додава во текстот.

Една подобра економија ќе престане со зголемувањето на надзорот на заеми чии исплати се намалиле.

„Тоа значи дека банкарските системи во некои случаи се уште изгледаат слаби на понатамошно влошување на кредитниот квалитет. Во голем број земји од еврозоната пример, уделот на надзорните заеми останува постојано висок“, гласи во извештајот.

Властите во еврозоната мораше да интервенираат во случајот со шпанската „Banco Popular“ претходно во овој месец и се соочуваат со притисок да се справат со кризите во дел од проблематичните кредитори во Италија.

Но економистите велат дека Европа била погодена од две кризи – една финансиска и друга поврзана со долгот на земјите од еврозоната.

Во меѓувреме американските банки имаат корист од својот главен пазар кој е во посилна фаза на економскиот циклус, иако економијата на еврозоната се опоравува. Европа сепак е сметана за побавна и не толку агресивна во справувањето со проблематичните банки, во споредба со САД, а регионот се уште е „преполн со банки“.

Банката за меѓународни порамнувања тврди дека доверителите низ целиот свет имаат напредок во диверзификацијата на профитот, но пазарните проценки за многу банки се уште укажуваат за инвеститорскиот скептицизам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП