25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФилмот „Wonder Woman“ заработи повеќе од 620 милиони долари

Филмот „Wonder Woman“ заработи повеќе од 620 милиони долари

Филмот „Wonder Woman“ , во кој глуми израелката Гал Гадот, заработи повеќе од 620 милиони долари за три недели откако почна да се прикажува во кината низ светот.

Ова е најпродаваниот филм во историјата кој го режирала жена. Режисерка е Пети Џенкинс. Таа е позната по крими драмата „Monster“ од 2003 година со Шарлиз Терон. 46-годишната Џенкинс немаше снимано ништо 14 години од меѓу тој филм и блокбастерот со Гал Гадот. Во 2011 година беше ангажирана во филмот „Thor“, но се повлече од проектот.

„Wonder Woman“ со Израелката Гал Гадот во улогата на бесмртната ќерка на Зевс доби подобри реакции од новите суперхеројски филмови како „Suicide Squad“ и „Batman vs Superman“.

Филмот има најголема заработка во САД, а потоа во Франција, Кина, Велика Британија и во Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП