25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНа одмор во луксузниот Anantara Angkor Resort & Spa (фото)

На одмор во луксузниот Anantara Angkor Resort & Spa (фото)

Со локација во шармантниот град Сием Реап во Камбоџа, на мала одалеченост од величествениот храм Ангкор Ват, „Anantara Angkor Resort & Spa“ е сјајно место за истражување на историјата, културата и наследството на оваа земја, во модерно и луксузно опкружување…

Во ова величествено одморалиште се наоѓаат 39 соби и апартмани, од елегантни делукс соби со површина од 48 квадратни метри до премиум делукс соби со површина од 65 метри квадратни, кои се дизајнирани како мали станови и имаат дневна соба, спална соба и бања. Покрај тоа, секоја соба има свој балкон со поглед кон базенот и опкружувањето.

Најимпресивни се „Anantara“ и „Sothea“ апартманите со приватни библиотеки кои се претвораат во дневна соба, трпезарија или соба за состаноци.

„Anantara“ е вистинско доживување и совршено место за уживање во безгрижните моменти на релакација. Доколку сакате да ја истражите околината, персоналот на овој ресорт ќе се погрижи тоа да го направите на најдобриот начин. Можете да го посетите и Ангкор Ват храмот и камбоџанското културно село, со цел навистина да ја истражите традиционалната култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП