19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрeмиерата на Defender е сосема блиску

Прeмиерата на Defender е сосема блиску

Новата генерација на теренецот „Land Rover Defender“ е сосема блиску до својата премиера. Ова го објави главниот дизајнер на компанијата Џери Макговерн, според кого возилото ќе има за задача да ги задржи традиционалните карактеристики и квалитети на својот претходник, но и да привлече нов тип клиенти.

За „Automotive News“ дизајнерот беше категоричен дека новиот „Defender“ ќе ја зачува емоционалната врска со претходните генерации на теренецот, но истовремено со тоа ќе биде еден целосно нов автомобил кој ќе се вклопува во современиот свет.

Потсетуваме дека култниот модел не се произведува од почетокот на 2016-та година, што предизвика доста шпекулации за неговата судбина. Познато е дека наследникот на „Defender“ ќе добие целосно алуминиумска каросерија, чија конструкција ќе биде слична на оние на „Discovery“ и „Range Rover“.

Теренецот ќе се нуди во две модификации – стандардна и со продолжена база. Палетата мотори ќе се состои од бензински и дизел агрегати, а ќе има како 4-цилиндричен, така и V6 мотор со компресор. Веројатно премиерата на моделот ќе биде во почетокот на 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП