28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОдморениот и опуштениот работник постигнува повеќе резултати

Одморениот и опуштениот работник постигнува повеќе резултати

Годишниот одмор е особено важен дел од годината кој влијае како на личниот, така и на професионалниот живот и продуктивноста на работното место.

Себастијан Хоф, експерт на полето на психологија на работа на универзитетот во Безансон – Франција, вели дека одморениот и опуштен работник е далеку многу поефикасен од оној кој изморен доаѓа на работа.

Клер Ди Бартоломео, уште еден експерт од оваа област, вели дека оптималниот годишен одмор за најголем дел од вработените би требало да трае три последователни седмици. За информација, најголемиот дел од вработените во Франција добиваат (најмалку) 10 последователни дена годишен одмор. На годишен одмор се одмараме, но исто така се занимаваме и со бројни активности кои го потикнуваат развојот на нашата интелигенција, креативност и фантазија, што е неопходно за реализација на работата.

Психолозите советуваат вработените, особено на менаџерските и шефовските позиции, да потпишуваат договор со работодавачите во кои ќе биде наведено колку пати неделно ќе му се достапни на својот надреден додека се на годишен одмор. Ваквиот предлог не е случаен, а како што предупредува Хоф, последиците од работниот притисок врз вработените се многу поголеми додека се на годишен одмор, отколку додека се на одмор.

„Наталожувањето на константен притисок може да доведе до драматични последици по психата на вработениот, кој може да стане насилен, депресивен, па дури и суицидално настроен. Освен тоа, одржувањето на комуникацијата со работодавачот додека сте на одмор сериозно го нарушува семејниот живот“, објаснуваат психолозите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП