29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо списанието „Сент“ објавен расказот „Смислата“ на Томислав Османли

Во списанието „Сент“ објавен расказот „Смислата“ на Томислав Османли

Уште еден расказ на современиот македонски прозаист Томислав Османли е објавен во странско книжено списание. Станува збор за расказот „Смислата“ кој деновиве го објави списанието „Сент“ што се појавува во Нови Пазар.

Списанието објавува прилози од истакнати автори автори од регинот како и од поширокиот меѓународен литературен ареал.

Расказот „Смислата“ е кратка повест за осамена старица која живее во дом за стари лица во кој се населуваат бегалци од војната, некогашна професорка по философија која непрекинато се прашува за смислата на животот, несвесна дека ја изневерува во секојдневните, на прв поглед мали поведенија. Тоа е проза за смислата која постои вон егоизмот, во алтруистичкото и сочувственото поведение. Расказот од македонски го преведе Зоран Ж. Пауновиќ, истакнат преведувач од англиски и македоснки јазик, инаку редовен соработник на нашиот писател при неговите српски преводи.

Ова е втор пат како Томислав Османли е поканет да објавио свој книжевен прилог во угледното книжевно списание. Пред две години нашиот автор таму ја објави новелата „Свадба на Дорќол“ која беше забележана во српската книќевна јавност и беше повод за поголемо интервју на Османли за книжевната емисија „Окото на Балканот“ на Втората програма на Радио Белград.

Инаку, списанието „Sent“ основано 2001. година од група од четиримина уметници. На соработка со списанието тие автори своеремено повикаа голем број угледни писатели од книжевностите на некогашна Југославија и воспоставија мултиетничка редакција која списанието го отвори кон сите народи, култури и поетики. Врз тие основи на соработка, со поддршка на Министерството за култура на Србија, списанието веќе 16 години, се појавува до денес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП