20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRBS ќе скратува работни места во Велика Британија

RBS ќе скратува работни места во Велика Британија

„Royal Bank of Scotland“ ќе скратува 443 работни места во Велика Британија, поврзани со бизнис кредитите, пренасочувајќи ги многу од позициите кон Индија.

Државната банка изјави дека ќе ги пресели работните места, кои помагаат за справување со долговите на малите бизниси, како дел од напорите за намалување на трошоците. Но додаде дека вработените во Велика Британија ќе продолжат да ја вршат работа поврзана со остварување контакт со клиентите.

Синдикати изјавија дека британските работници и даночните обврзници ќе изгубат од овој потег. Според нивните зборови преку преместувањето на работните места во Индија, „RBS“ ќе ја врши работата поевтино во однос Британија.

„RBS“, 73% од која се уште се во сопственост на владата по нејзиното спасување со 45 милијарди фунти во 2008-ма година, изјави дека кредитните одлуки ќе продолжат да се земат во Велика Британија.

„Додека се претворивме во поедноставна помала банка, правиме некои промени во начинот кој им служи на клиентите“, коментира портпаролот на доверителот. „За жал овие промени ќе доведат до укинување на 443 работни места во Велика Британија“.

Банката соопшти дека ќе поддржи вработените погодени од „разочарувачките вести“, вклучувајќи дека ќе ги насочи кон нови позиции каде што е можно.

Сето ова се случува само неколку недели откако „RBS“ изјави дека ќе скрати 250 работни места во областа на информатичката технологија во Велика Британија и ќе насочи десетици од овие вработени кон Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП