20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлаѓозовски: Фасадите и спомениците не се приоритет на Владата

Алаѓозовски: Фасадите и спомениците не се приоритет на Владата

Владата на Република Македонија нема да врши активности за рефасадирање или разместување на спомениците или други објекти од проектот „Скопје 2014“.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски вели дека тоа не е приоритет во момент кога финансиската кондиција е очајна.

„Ние како Министерство за култура рековме дека ќе направиме меѓународен конкурс за долгорочни решенија како да се однесуваме кон проектот „Скопје 2014“. Ќе напрвиме ревизија во која на граѓаните ќе им дадеме увид во состојбите во тоа која е цената на чинењето на овој проект, кои се техничките карактериситики, колку е квалитетен материјалот што е вграден и која е цената на одржливот на сите овие објекти“, изјави министерот одговарајќи на новинарски прашања денеска во Охрид каде присуствуваше на одбележувањето на Денот на балканските Египќани.

Изрази уверување дека по еден таков увид во самата одржливост на проектот ќе биде многу лесно да се преземат во иднината некои акции кои, како што рече, ќе помогнат да се ослободиме од ова тешко време на претходната влада.

Во врска со објектите што се градат на Плаошник, рече дека ќе се ревидира објектот.

„Мистерството за култура ќе учествува на Меѓународната конференција на УНЕСКО во Краков и сериозно ќе се фатиме и со ова прашање“, изјави министерот за култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП