19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody's го зголеми долгорочниот рејтинг на Грција

Moody’s го зголеми долгорочниот рејтинг на Грција

Moody’s Investors Service го зголеми долгорочниот рејтинг на Грција до „Саа2“ од „Саа3“, а перспективата од стабилна веќе е позитивна. Тоа го објави агенцијата за кредитен рејтинг.

Рејтингот на нашиот јужен сосед, меѓутоа уште ги проценува нејзините акции со висок степен на кредитен ризик.

Причината за зголемувањето е успешното завршување на вториот преглед на спасувачката програма за Грција. Со договорот Атина добива 8,5 милијарди евра, со кои ќе ги покрие своите стари долгови – 3,9 милијарди евра кон Европската централна банка и 2,3 милијарди евра кон приватни кредитори.

Постигнатиот договор со кредиторите е позитивен сигнал од грчката влада, која веќе изврши бројни реформи, дополнуваат од агенцијата.

Грција успева да ги подобри фискалните позиции во 2016-та година – буџетскиот суфицит од 4% од бруто домашниот производ (БДП), додека целта содржана од кредиторите, беше за 0,5 отсто. Од „Moody`s“ прогнозираат стабилизирање на јавниот долг на земјата во оваа година на ниво од 179% од БДП-та и намалување во 2018-та година.

Агенцијата нагласува и јасните сигнали за економска стабилизација на Грција, иако се уште е рано да се оцени дали економскиот раст ќе биде одржлив. „Moody`s“ очекува раст на грчката економија во оваа и следната година, по три години на стагнација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП