18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНов рекорд: Со Teslа S минале 900 km без дополнување на батеријата

Нов рекорд: Со Teslа S минале 900 km без дополнување на батеријата

Двајца Белгијанци успеале со „Model S“ да минат точно 901,2 km пред целосно да се испразнат погонските батерии на овој електрични автомобили.

Стивен Питерс и Џоери Колс објавиле на својот блог дека рекордот го поставиле возејќги го „Model S P100D“ на кружна траса на еден пат во Белгија, возењето траело 23 часа и 45 минути. Со цел да поминат повеќе километри, автомобилот е возен со брзина од околу 40 km/h.

Претходниот рекорд е поставен во 2015-та, а го држеше Кејси Спенсер, кој возејќи го „Model S 85D“ со батерија со помал капацитет минал 885,6 km, возејќи со брзина од околу 35 km/h.

Белгијанците при подготовките за соборување на рекордот внимателно ја избрале рутата по која ќе се движат, со цел да возат по пат на кој има помалку сообраќај и раскрсници. На крајот, избрале кружна патека, рамна делница долга околу 26 km.

На информацијата за новиот рекорд, реагираше и првиот човек на „Teslа“, Елон Маск, тврдејќи дека е можно „Model S P100D“ да мине и преку 1.000 km без дополнување на батеријата, но за таков резултат се неопходни посебни гуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП