25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕгзодус: Поради Ердоган турските милионери бегаат од Турција

Егзодус: Поради Ердоган турските милионери бегаат од Турција

Турските милионери во се поголем број ја напуштаат земјата, а причината за тоа, како што тврдат тие, е политиката на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Блумберг пишува дека станува збор за вистински егзодус на семејствата кои ја напуштаат таковината поради Ердогановата „чистка на непријателите и противниците на неговата политика“.

„Растев во надеж дека оваа земја ќе биде барем приближно до она за што сум сонувал, модерна, слободна и демократска… Сега повеќе не сум сигурен кога тоа ќе се случи“, вели Барбарос Алтуд (43) кој се преселил во Стокхолм.

Тој е само еден од многуте милионери, бизнисмени, професори…

Бројот на образовни работници кои секојдневно бегаат во странство расте со огромна брзина и бележи десетици илјади, а кога станува збор за милионерите, само минатата година се преселиле 6.000, покажуваат податоците на Блумберг.

Тоа воедно значи и катастрофа за сопствениците и агентите на недвижнини.

„Речиси се се продава или изнајмува. Старите денови исчезнаа“, вели Мустафа Акач кој веќе 4 децении продава куќи во Истанбул.

Истовремено, оние кои се одселиле им помагаат на своите колеги во Турција да емигрираат во дијаспората, некаде на пример, на Флорида, или во Германија, Франција, Холандија, па потоа Белгија, Кипар, САД, Швајцарија…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП