19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа граничниот премин „Богородица“ се чека повеќе од еден час

На граничниот премин „Богородица“ се чека повеќе од еден час

За влез во Грција преку граничниот премин „Богородица“ утринава се чека повеќе од еден час, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП