28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Струшки вечери на поезијата“ : Гостуваат 30-тина поети од странство

„Струшки вечери на поезијата“ : Гостуваат 30-тина поети од странство

Подготовките за 56. издание на „Струшките вечери на поезијата“, кое годинава ќе се одржи од 23 до 28 август во Струга, се движат кон крајот. Поетски читања ќе има и во Охрид, Ресен, Битола и во Скопје.

Покрај учесниците од странство, во програмата ќе учествуваат и македонските поети во разни својства. Како учесници поети ќе бидат поканети и сите досегашни добитници на наградата „Браќа Миладиновци“.

Годинава се одбележуваат 55 години од востановувањето на оваа награда во 1963 година. Од македонските учесници ќе бидат и петте автори на книгите кои ќе се најдат во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП