24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУ21: Младите фудбалери го завршија настапот на ЕП, но не разочараа

У21: Младите фудбалери го завршија настапот на ЕП, но не разочараа

Младите македонски фудбалери чесно се простија од настапот на Европското првенство во Полска. Во последниот меч од Б групата тие загубија од Португалија 2:4 (1-2). Португалците и покрај победата исто така ги пакуваат куферите и се враќаат дома.

Пре мечот на Португалија и беше потребна победа од три гола разлика за да ги задржи надежуите за пласман во полуфиналето, каде и пред завршното коло пласман обезбедија Англија, Германија и Шпанија.

По само 120 секунди игра Португалија го постигна водечкиот гол преку Едгар, а 20 минути подоцна Брума зголеми на 0-2 и ги доближи Португалците до посакуваниот резултат.

Дека имаат намера да играат за својата чест македонските фудбалери покажаа во 43.минута кога Бради погоди од 25 метри заљ 1-2. фудбалерот на Ујпешт го постигна својот втор гол на овој шампионат.

Португалците повторно се вратија во мечот кога Поденс го совлада Шишковски во 57.минута.

Потоа тргнаа во офанзива, оставајќи многу простор во дефанзивата за контранападите на Македонија.

Еден таков вроди со плод во 80.минута, кога Елмаз му асистираше на Марковски, а напаѓачот на Работнички рутински ја затресе португалската мрежа.

Во финишот во 91.минута, по кикс на потесната одбрана Варела остана сам и го постави конечниот резултат 2-4.

На крајот Шпанија со максимални 9 бода ја освои групата Б, откако во последниот меч ја совлада Србија со 1-0. Португалија е вотра со 6, а Србија и Македонија освоија по еден бод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП