28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтартуваше дијалогот за зголемување на минималната плата

Стартуваше дијалогот за зголемување на минималната плата

Министерствствата за финансии и труд и социјала од денеска почнуваат со серијата дебати со сите чинители со цел изготвување законско решение со кое ќе почне процесот на покачување на минималната плата.

Министерот Драган Тевдовски пред средбата со претставниците на синдикатите изјави дека пари за оваа мерка мора да има, а за нејзино реализирање најави кратења на ставки од буџетот кои се однесуваат на непродуктивни трошења. Сепак, Тевдовски не беше концизен од што ќе крати и кои ставки ги смета за луксуз.

„Ќе скратиме од комодитетот на власта, одредени финансиски поместувања мора да има.Пари за минималната плата ќе има во ребалансот на буџетот за да можеме да го постигне првиот праг на покачување од 12.000 денари“, рече Тевдовски.

На новинарско прашање кога ќе почне проектот за прогресивно даночно оданочување, Тевдоски најави дебата со експерти и универзитетски професори. На краток рок, како што рече, нема да има никакви промени во однос на враќањето на прагот на даночните обврзници.

„Широка консултација за секое прашање мора да има. Работите не сакаме да ги менуваме преку ноќ.Главната цел кога е во прашање оданочувањето ќе биде да останеме умерени и да бидеме во тек со ефикасноста на институциите“, рече министерот Тевдовски.

По средбата со синдикалците, предвидени се состаноци и со работодавачите и стопанските комори. Заедничкото решение кое ќе го договорат ќе оди на разгледување кај економско-социјален совет.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, пак, рече дека како министер за труд секогаш ќе ги брани работничките права и работниците кои се најзагрозени.

– По дебатата на Економско-социјалниот совет, очекувам дека скоро ќе излеземе со законско решение кое ќе биде квалитетно и усогласено со сите чинители, додаде Царовска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП