20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmundi го завршува договорот за Pioneer Investments

Amundi го завршува договорот за Pioneer Investments

Француската инвестициска група „Amundi“ објави дека ги исполнила условите од договорот за стекнување на бизнисот за управување со средства на „Pioneer“ од италијанската банка „UniCredit“ за 3,55 милијарди евра и се очекува да го заврши договорот до 3-ти јуни.

Активностите преземени во последните шест месеци, ги потврдиле стратегиите за раст на новата група, ги определиле приоритетите на поделбите и имаат развиено план за имплементација на купувањето. Овие подготовки ги потврдиле стратешките и конкретните за индустријата придобивки од стекнувањето на „Pioneer Investments“ од „Amundi“ и добиениот од тоа потенцијал за создавање на вредност.

Интеракцијата што може да биде создадена од оваа интеграција, одговара на веќе објавената сума во минатиот декември. Според овие проекции трансакцијата може да доведе до намалување на трошоците за 150 милиони евра и зголемување на приходите за 30 милиони евра во рамките на првата целосна финансиска година по успешното завршување на процесот на интеграција, кој ќе се случи во наредните две години.

Стекнување на „Pioneer Investments“, која беше во сопственост на „UniСredit“, беше објавено на крајот на минатата година, а договорот се проценува на околу 3,5 милијарди евра. Бидејќи инвеститорите во светот бараат повисок поврат, компаниите за управување со средства се зголемија и така тие станаа попривлечни за банките и финансиските институции.

„Amundi Group“ е најголемата менаџерска компанија во Европа, како неговиот имот под управување на 31-ри март изнесуваат 1,1 илјади милијарди евра. Активата на „Pioneer Investments“ пак изнесуваат 228 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП