28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНабавете растение за да бидете покреативни и попродуктивни на работа

Набавете растение за да бидете покреативни и попродуктивни на работа

Доколку немате растение на работната маса, време е да го набавите, бидејќи тоа може да ви помогне да напредувате на работа.

Најновото истражување покажува дека растенијата во канцеларија можат на вработените да им помогнат да бидат покреативни и попродуктивни, што води кон напредување.

Експертите кои го правеле истражувањето укажуваат дека продуктивноста на оние вработени кои имаат растение се зголемува за 47 отсто.

Истражувањето на Универзитетот Ексетер во Велика Британија е само уште едно во низата на оние кои потврдуваат дека растенијата во просторот на луѓето им носат само добробит.

„ Уште од претходно знаеме дека добро уредениот деловен простор го подобрува здравјето, чувството на среќа и продуктивноста. Отидовме чекор понатаму и сега знаеме дека важна улога во тоа имаат и растенијата. Иако не може точно да се каже поради што тоа е така, верувам дека има врска со тоа дека луѓето се чувствуваат поопуштено во просторот каде се наоѓа нешто што расте и се развива“, објаснува психологот Крег Најт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП