19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа печатење монети од 2 денари НБРМ ќе потроши 550.000 евра

За печатење монети од 2 денари НБРМ ќе потроши 550.000 евра

Ковани пари со апоенска вредност од 2 денари со проценета вредност без ДДВ од 34.000.000 денари или 550 илјади евра нарача Народната банка на Македонија.

На Бирото за јавни набавки објавен е оглас за прибирање понуди. Критериум за доделување на набавката е најниската цена, а времетрањето на договорот е најниската цена.

Претходно Народната банка на Електронскиот систем за јавни набавки објави оглас за печатење на апоените од 10 и 50 денари и за тоа ќе плати 127 милиони денари без ДДВ или околу 2 милиони евра.

Станува збoр за печатење на 25 милиони парчиња во апоени од 10 денари и 15 милиони парчиња апоени од 50 денари. Вкупната вредност на новите апоени кои ќе бидат пуштени во оптек е милијарда денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП