18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧервар пред ждрепката во Загреб: Само не Македонија

Червар пред ждрепката во Загреб: Само не Македонија

Во концертната сала „Лисински“ во Загреб, вечерва (19 часот) ќе бидат извлечени групите за Европското првенство во ракомет, чиј домаќин од 12 до 28 јануари наредната година ќе биде Хрватска.

Дел од најдобрите 16 европски репрезентации ќе биде и Македонија, која на континенталното првенство се пласира како најдобра во Групата 4, во конкуренција на Чешка, Исланд и Украина.

Освоеното прво место во групата и рејтингот кој беше изграден во изминатите години ја сместија Македонија во вториот барабан во пресрет на извлекувањето на групите. Покрај Македонија во вториот барабан се Данска, Шведска и Белорусија.

Во најсилниот барабан ќе бидат Германија, Франција, Шпанија и домаќинот Хрватска, чиј селектор е Лино Червар.

Тренерот на Металург до пред три месеци беше селектор на македонската репрезентација. Одговарајќи на новинарски прашања кого не посакува за противник во групата, тој без размислување одговорил: „Македонија“.

Инаку, жрепката ќе биде полудиригирана бидејќи Хрватска ќе биде во А групата, во Сплит и таа нема да може да се сретне со носителите на другите три групи Норвешка, Унгарија и Словенија. Од претходно е познато дека овие репрезентации ќе играат во Пореч, Вараждин, односно Загреб.

На Европското првенство ќе учествуваат 16 селекции, а по првиот круг најдобрите три од сите групи ќе продолжат во наредната фаза каде ќе бидат формирани нови две групи. Пласман во полуфиналето ќе изборат првите две репрезентации од групите, а другите ќе разигруваат за пласман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП