29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатар треба да исполни цела листа барања за да биде укинато трговското...

Катар треба да исполни цела листа барања за да биде укинато трговското ембарго

Арапските држави претставија листа на барања која Катар мора да ја исполни ако сака да дојде до укинување на блокадата врз земјата, објави Тајм.

Катар е изолирана поради обвинение од страна на Саудиска Арабија дека земјата соработува со терористички групи.

Списокот, кој содржи 13 точки, бил претставен од Кувајт. Во листата се инсистира Катар да ги прекине сите свои врски со групите како Муслиманското братство, Хезболах, Ал Каеда и Исламска држава.

Се инсистира уште за прекин на емитувањето на телевизијата „Ал Џезира”. Има барање Катар да ги прекине врските со Иран.

Во последните недели Катар добива материјална помош главно од Иран и Турција. На земјата ѝ е наметнато трговско ембарго. Земјата има 10 дена за да ги исполни барањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП