25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајдобрата инвестиција во Шпанија за последните 30 години

Најдобрата инвестиција во Шпанија за последните 30 години

Инвестицијата со најголема профитабилност во Шпанија за последните 30 години може да се покаже во најпопуларните жолто-црни такси возила во Барселона.

Вредноста на лиценците за развивање на такси дејност во каталонската престолнина се зголемила за 503% на секундарниот пазар во периодот 1987-ма – 2016-та година, се наведува во извештајот на локалниот антимонополен орган. Основниот шпански берзански индекс „IBEX 35“ пак има принос од околу 325% за истиот период.

Ограничувањата за издавање нови лиценци за такси дејност во Барселона значат дека секој возач на такси таму можеби има средства во вредност од над 134.000 евра, според регулаторното тело.

„Лиценците за такси имаат цена, која расте и де факто стана начин да се плати за пензионирање на еден возач на такси, тоа е неспорно“, вели Сандра Сибер, предавач по информациски системи во бизнис училиштето „IESE“ во Барсeлона.

За клиентот тоа често означува дека не ја добива оптималната услуга, според регулаторното тело, а тоа е токму она што компании како „Uber Technologies Inc.“ и „Cabify“ сакаат да го слушнат, пишува „Bloomberg“.

Правилата со кои се ограничуваат бројот на автомобилите, цените и активностите на слични услуги за транспорт, значат дека над 10.500-те сопственици на лиценци за такси дејност во Барселона спроведуваат активности во услови речиси на монопол, што ги чини потрошувачите најмалку 61 милиони евра годишно, според регулаторното тело.

Според шпанските прописи постои разлика помеѓу такси и возила со возач, кои можат да бидат вработувани, категорија во која спаѓаат „Uber“ и локалниот ривал „Cabify“, чии возачи можат да подигнат само патници кои ја нарачале услугата однапред.

Регионалните власти можат да одбијат барање за лиценци за овој тип возила, ако бројот на автомобилите во оваа категорија надминува еден нa секои 30 официјални такси. Кон јануари во Каталонија имало 803 возачи со такви лиценци во споредба со над 13.400 такси, движејќи се во регионот. Во исто време во Барселона не се издавани нови лиценци за такси барем од 1980 година, според регулаторното органи.

Каталонските такси се конкурентни, бидејќи возачите имаат трошоци за даноци, осигурување и треба да ги почитуваат прописите, според портпаролот на локалната асоцијација на таксистите. Регионот не издавал повеќе лиценци, бидејќи не било неопходно, според него.

Од „Uber“ ги повикаа шпанските власти да го отворат пазарот.

„Uber“ се бори со регулаторните органи по целиот свет за услугата што од традиционалните такси компании тврдат дека се закануваат на нивното постоење. Во многу делови од светот поскапеа лиценците за такси дејност како една од причините за тоа таксисти да се спротивстават сериозно на компании како „Uber“ и „Cabify“.

Шпанските таксисти организираа штрајк минатиот месец, за да протестираат средби сите конкуренти кои нудат слична на нивната услуга, но плаќаат за тоа многу пониска цена во споредба со онаа на лиценците за такси дејност. Автомобилите на деветмина возачи на „Cabify“ пак беа запалени во Севиља поради тоа што си барале клиенти за време на пролетниот фестивал во градот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП