20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФулц е избран како прв пик на НБА драфтот

Фулц е избран како прв пик на НБА драфтот

Маркел Фулц од универзитетот Вашингтон е избран како прв пик на драфтот. Фулц е избран од страна на Филаделфија Севентисиксерс.

Филаделфија ги реализира најавите и го избра Фулц, со што овој тим сега има исклучително талентирана петорка и најавува дека ќе се бори за врвот во Источната конференција.

Севентисиксерси со Фулц добија и нов прекар ФЕДС (Фулц, Ембид, Дарио (Шариќ) и Симонс).

ЛА Лејкерс го имаа правото на вториот пик и, според очекувањата, го избраа Лонзо Бол, откако претходно со „трејдот“ на Деанџело Расел во Бруклин направија место во тимот за овој играч.

Бол доаѓа од универзитетот УЦЛА, има невообичаена механика на шутот, но она што го разликува од играчите кои играат на плајмејкерската позиција е тоа што тој многу повеќе сака да додава отколку да шутира.

Бостон, претходно, ги замени правата со Филаделфија, која по секоја цена го сакаше Фулц, и како трет пик го избра Џејсон Тејтум.

Од универзитетот Канзас е Џош Џексон, кого како четврти пик го избраа Феникс Санс, додека од петтото место Сакраменто го избра бекот на универзитетот Кентаки, Диерон Фокс.

Како шести бираше Орландо и тимот од Флорида се реши за Џонатан Ајзак, додека Сакраменто како седми пик го донесе Финецот Лаури Марканен, кој ведаш е проследен во Минесота како дел од „трејдот“ во кој Џими Батлер од Чикаго се пресели во Минеаполис.

Французинот Франк Нтиликина од Стразбур е осми пик избран од Њујорк, додека од деветтата позиција Денис Смит јуниор оди во Далас.

Сакраменто имаа уште еден пик во првите десет, и тие од десеттата позиција го избраа Зек Колинс од универзитетот Гонзага. Меѓутоа, Сакраменто веднаш направи размена со Портланд каде заврши Колинс, а во спротивна насока ќе се пресели 15. пик Џастин Џексон од универзитетот НЦ Стејт.

Други играчи кои се избрани во првата рунда:

11. Малик Монк-Шарлот Хорнетс
12. Лук Кенард-Детроит Пистонс
13. Донован Мичел-Денвер Нагетс (трејд за Треј Лајлс)
14. Бам Адебај-Мајами Хит
15. Џастон Џексон-Сакраменто Кингс (трејд со Портланд)
16. Џастин Петон-Минесота Тимбервулфс
17. Ди-Џеј Вотсон-Милвоки Бакс
18. Ти-Џеј Лиф-Индијана Пејсерс
19. Џон Колинс-Атланта Хокс
20. Хери Џајлс-Сакраменто Кингс
21. Теранс Фергусон-Оклахома Сити
22. Џерет Ален-Бруклин Нетс
23. Оу-Џи Ануноби-Торонто Репторс
24. Тајлер Лидон-Јута Џез (трејд во Денвер)
25. Анжејс Пасечникс-Орландо Меџик (трејд во Филаделфија)
26. Кејлеб Свениган-Портланд Трејлблејзерс
27. Кајл Кузма-Бруклин Нетс (трејд во ЛА Лејкерс)
28. Тони Бредли-ЛА Лејкерс (трејд во Јута)
29. Дерик Вајт-Сан Антонио Спарс
30. Џош Харт-Јута Џез (трејд во ЛА Лејкерс).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП