Трендот на две позадински камери на паметните телефони само добива на интензитет. Така и кинескиот „ZTE“ во својата понуда додаде еден таков модел – „Small Fresh 5“.
Уредот доаѓа со 5-инчен „IPS“ екран со резолуција од 1.280 x 720 пиксели, a го користи процесорот на „Qualcomm“ – „Snapdragon 425“. На идните купувачи на располагање ќе им бидат два модели – еден со 3 GB RAM и 16 GB интерна меморија и другиот со 4 GB RAM и 32 GB интерна меморија. Во двата случаи просторот може дополнително да се прошири со мемориска картичка (microSD дo 128 GB).
Остатокот од конфигурацијата за двата модели е иста – задни камера од 13 MP и 2 MP и предна камера од MP. Понатаму, тука е сензорот за отпечаток на прстот кој е сместен во страничната страна на куќиштето. Потребната енергија за работа се обезбедува од батеријата со капацитет од 2.500 mAh. Oд поддржаните технологии тука се 4G LTE, Bluetooth (4.1) Wi-Fi (802.11 b/g/n) и GPS, како и „GLONASS“.
Од софтверска страна во уредот се наоѓа „Android“ платформа, поточно „Android OS 7.1 (Nougat) за кој компанијата дополнително го користи компанискиот интерфејс – „MiFavor 4.2“. Купувачите на располагање ќе имаат четири бои на куќишта – „Dark Gray“, „Elegant Gold“, „Glacier Blue“ и „Grass Green“.
Димензиите на уредот се 145 x 70,7 x 7,9 милиметри, а тежината е 132 грама. Што се однесува до цената таа изнесува 146 долари (3 GB/16 GB) и 204 долари (4 GB/32 GB).