25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДанска ги заострува законите, перењето пари ќе стане речиси невозможно

Данска ги заострува законите, перењето пари ќе стане речиси невозможно

На многу банкари им се заканува затвор откако Данска одлучи сериозно да го отежне перењето пари.

Данските органи ќе ги заострат законите за перењето пари да стане речиси невозможно по неодамнешните сознанија за поврзаноста на нејзините државјани со Панамските документи.

Ќе бидат предложени подолги затворски казни за поединци кои се вмешани во финансиски криминал и измами.

Во аферата Панамски документи е откриено дека повеќе од 500 банки ширум светот им помагале во избегнувањето на плаќањето на данок на многу корисници кои имале офшор компании.

„Тоа нема да го прифатиме во Данска“, изјави министерот за економија Брајан Микелсен.

Тој додаде дека данското правосудство ќе направи се за оние кои перат пари, да се соочат со ризик не само да ја загубат работа, туку и да се соочат со долги затворски казни.

Планот е затворската казна да биде од шест до осум години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП