23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo и Polestar ќе ги разделат активностите

Volvo и Polestar ќе ги разделат активностите

 Компанијата „Poelstar“ позната прво со својата тјунинг-доработка за моделите на „Volvo“, ќе стане целосно самостоен производител на автомобили. Работилницата ќе почне да прави електрични возила кои нема да се нудат под брендот „Volvo“.

Сепак поради поделбата на активностите, соработката помеѓу „Volvo“ и „Polestar“ нема да престане. Тјунинг-специјалисти ќе продолжат да ги доработуваат автомобилите на шведскиот производител, а за таа цел се создава нов поделба – „Polestar Engineering“. За возврат „Volvo“ ќе им помага на своите колеги во развој на електрични возила, така што ќе им отстапи една од своите платформи.

Доказ за континуираната соработка помеѓу двете компании се и кадровските промени. Производството на електрични модели во „Polestar“ ќе го предводи Томас Ингелат – потпретседател и главен дизајнер на „Volvo“. Токму на него е доверено раководството на новата марка која ќе продава на пазарот и спортски автомобили на струја.

Должноста „директор за операциите“ во „Poelstar“ ќе ја заземе друг веќе поранешен топ-менаџер од „Volvo“ – Џонатан Гудман. Претходно тој исто беше потпретседател на шведската компанија, а беше одговорен за корпоративните комуникации.

Изданието „Autocar“ цитирано од претседателот на „Volvo“, Хакан Самуелсон, според кого новиот бренд ќе биде дел од конгломератот „Volvo Cars Group“. На „Polestar“ ќе биде доделен развој и производство на електрични возила од различни сегменти, а првиот најверојатно ќе биде претставен за време на автосаемот во Франкфурт во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП